Капитенот на Англија, Хари Кејн, ќе го пропушти пријателскиот натпревар против Велс во четврток поради мала повреда.
32-годишниот напаѓач, кој е и најдобар стрелец на Англија на сите времиња, го пропушти тренингот откако заработи повреда на зглобот за време на победата на Баерн Минхен од 3:0 над Ајнтрахт Франкфурт во саботата.
Англија се надева дека Кејн ќе биде подготвен за квалификацискиот натпревар за Светското првенство следниот вторник против Летонија.
Менаџерот Томас Тухел ја потврди веста: „Хари ќе го пропушти натпреварот, тој заработи повреда на последниот натпревар и премногу му е болно да ја шутира топката и премногу е ризично за него. Му даваме време да се опорави и сме уверени дека ќе биде подготвен за Летонија“ изјави Тухел.
Во отсуство на Кејн, еден од Џордан Хендерсон, Џон Стоунс или Деклан Рајс ќе ја носи капитенската лента на „Вембли“, потврди Тухел.

