Хари Кејн ќе биде капитен на Англија на Светското првенство во Русија ова лето.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, денеска го именуваше напаѓачот на Тотенхем за капитен на турнирот, откако синоќа имал средба со тимот во тренинг кампот на англискиот национален тим. Веста ја потврдија и од ФА.
„Хари има некои извонредни лични квалитети. Тој е вистински професионалец и тоа е од најважните работи за да се биде капитен“, изјавил Саутгејт.