Англискиот напаѓач Хари Кејн ги сподели своите очекувања од натпреварот против Германија во осминафиналето на Евро 2020.
„Утре ќе имаме вистински тест. Можеме да зборуваме за играта колку што сакаме, но главната работа е да влеземе на терен и да постигнеме резултат пред милиони луѓе. Многумина од нас го прават тоа во нашите клубови, вклучително и многу помлади играчи. Треба само да го пренесете во националниот тим. Ќе дадеме се од себе да победиме“, изјави Кејн за веб страната на УЕФА.
Да потсетиме, Германија го освои второто место во групата со Франција, Португалија и Унгарија. Во 1/8 финалето на Евро 2020, тимот на Јоаким Лев ќе игра против Англија. Натпреварот се игра утре на 29 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон со почеток од 18 часот.

