Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Хари Кејн може да го продолжи договорот со Тотенхем
    Фудбал

    Хари Кејн може да го продолжи договорот со Тотенхем

    risteBy riste24/01/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн може да го продолжи договорот со лондонскиот клуб.

    Актуелниот договор на напаѓачот со лондонскиот клуб е до јуни 2024 година. Немаше преговори за продолжување на договорот од август 2021 година, кога Кејн сакаше да се пресели во Манчестер Сити, но не успеа.

    Напаѓачот во последно време се фокусираше на Светското првенство во 2022 година, а Тотенхем се подготвува за зимскиот преоден рок, па двете страни немаа многу можности да разговараат за потенцијалното продолжување на договорот. Планирано е разговорите на Тотенхем со Кејн да се одржат веднаш по затворањето на зимскиот преоден рок. Напаѓачот ќе биде отворен за потпишување нов договор, објави „Атлетик“.

    Клучни фактори во преговорите ќе бидат како ќе настапи Тотенхем во Лигата на шампионите и ФА Купот, како и со кои играчи ќе потпише клубот, какви ќе бидат перспективите на тимот. За Кејн плановите и амбициите на клубот отсекогаш биле најважните фактори во неговата одлука.

    Напаѓачот сака да освојува трофеи со Тотенхем и повеќе е фокусиран на тоа што побрзо да го добие отколку на заминување. Претставниците на Кејн немаа сериозни преговори со други клубови за евентуален трансфер.

    Доколку страните не успеат наскоро да се договорат за нов договор, Тотенхем ќе треба да одлучи дали ќе го продаде Кејн во летото 2023 година.

    Кејн е во системот на Тотенхем од 2004 година. Во текот на кариерата не освои ниту еден трофеј. Оваа сезона Англичанецот постигна 17 гола на 28 натпревари за Тотенхем во сите натпреварувања.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.