Англискиот напаѓач во редовите на Тотенхем, Хари Кејн не е против преселба во Баерн Минхен следното лето, објави новинарот Флоријан Плетенберг на социјалните мрежи.
Според Плетенберг, клубот од Минхен и англискиот напаѓач веќе започнале разговори за договор. Хари Кејн е прва трансферна цел на Баерн Минхен.
29-годишниот Хари Кејн долги години е дел од Тотенхем. Неговиот актуелен договор со англискиот тим истекува во 2024 година. Напаѓачот оваа сезона постигна пет гола на шест натпревари. Во летото 2021 година, Кејн беше блиску до преселба во Манчестер Сити, но трансферот пропадна.