Голгетерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ќе биде неизвесен до самиот крај за настап на дуелот со Астон Вила од Лигата на шампионите. Натпреварот е вечерва од 21:00 часот во Бирмингем.
Англичанецот заработи повреда на скочниот зглоб на последниот натпревар на Баварците во Бундеслигата, ремито 1:1 против Баер Леверкузен. Напаѓачот беше заменет во 86. минута, а следниот ден беше на медицински тестови кои покажаа дека неговата повреда не е сериозна.
Тренерот на Баерн, Винсент Компани коментираше дека Кејн тренираше во вторникот, но за неговото учество на натпреварот ќе биде решено во последен момент.

