Англискиот напаѓач Хари Кејн постигна најмалку еден гол на 21 од неговите последни 22 големи меѓународни квалификациски натпревари (Европско и Светско првенство). Вкупно, напаѓачот на Тотенхем постигна 30 гола во овој период, објави „Opta Sports“.
Дополнително, Хари Кејн погодува на 12. квалификациски натпревар за ЕП по ред. Хари Кејн го отвори резултатот во натпреварот од 4.коло од квалификациите од групата Ц за ЕП 2024 со репрезентацијата на Македонија, меч кој синоќа се одигра на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер.
Во 29. минута од натпреварот тој постигна гол по асистенција на Лук Шоу, а во 73.минута од пенал постигна уште еден гол за конечните 7:0 за Англија.