Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн реши да го напушти клубот ова лето и веќе се договори за личните услови со Манчестер Сити. Ова го објави новинарот Николо Скира на својот профил на Твитер.
Според изворот, договорот со Манчестер Сити би тренало да биде со важност до 2026 година, а Тотенхем сакаат да добијат 160-170 милиони евра за играчот.
Претходно, медиумите објавија информации дека Хари Кејн би сакал да работи со Пеп Гвардиола. Играчот очекува клубот да даде понуда што одговара на претседателот на Тотенхем Даниел Леви.
Кејн дебитираше за Тотенхем во 2011 година. Неговиот договор со клубот трае до 30 јуни 2024 година. Во сезоната 2020/2021, напаѓачот учествуваше на 35 натпревари од англиската Премиер лига, постигна 23 гола (четири од пенал) и даде 14 асистенции.