Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и Англија, Хари Мегваер, проговори за настапот во својот клуб.
„Моја работа е да бидам подготвен и да тренирам најдобро што можам. Ако прашате некого во соблекувалната колку добро тренирам, ќе каже дека тренирам напорно и натпреварувачки на сите тренинзи. Го докажав тоа затоа што секогаш кога ми се укажа можност да играм за клубот или за Англија оваа сезона, се чувствував како да сум на навистина добро место, дека ми оди многу добро. Минатата сезона ги разочаравме сите. Има многу играчи за кои би можеле да зборуваме, вклучувајќи ме и мене. Не беа сите во добра форма. Но, оваа сезона се чувствувам како да сум во добра психичка и физичка кондиција. Секогаш кога излегував во стартните 11, давав се и правев се добро. Но, разбирам и дека Манчестер Јунајтед има одлични централни бекови. Имаме четворица врвни централни бекови во светот кои можат да играат на највисоко ниво. Јас, Лисандро Мартинез, Рафаел Варан и Виктор Линделоф. Добро е што сме четворица, ќе се натпреваруваме и ќе се поддржуваме“, рече Мегваер во изјава за „Атлетик“.