Ајнтрахт Франкфурт го обнови договорот со ветеранот, Макото Хасебе, до 30 јуни во 2021 година, објави клубот.
36-годишниот јапонски дефанзивец пристигна во Германија во 2008 година и играше во Волфсбург и Нирнберг а од 2014 година е во Франкфурт. Хасебе има 114 натпревари за тимот на Ајнтрахт, со кој го освои германскиот куп во 2018 година а минатата година одигра полуфинале во Лигата на Европа.
Ајнтрахт откри дека Јапонецот по завршувањето на неговата кариера ќе биде амбасадор на клубот.