Францускиот играч за врска Хатем Бен-Арфа може да се врати во Марсеј во летниот преоден рок. 34-годишниот играч во моментов е без клуб, бидејќи неговиот договор со Бордо заврши, објави „L’Equipe“.
Според изворот, главниот тренер на Марсеј, Хорхе Сампаоли е заинтересиран за играчот со кого сакаше да работи уште кога беше тренер на Севиља, но тогаш трансферот не беше реализиран. Сега Сампаоли ќе се обиде да се договори со претседателот на Марсеј за потребата од Бен Арфа во неговата екипа.
Хатем Бен-Арфа се приклучи на Бордо како слободен агент во 2020 година. Во сезоната 2020/21, играчот за врска играше 25 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и направи пет асистенции. Бен Арфа претходно играше за Марсеј од 2008 до 2010 година. Играше уште и за Ваљадолид, Рен, ПСЖ, Ница, Хул Сити, Њукасл и Лион.

