Тренерот на фудбалерите на на Њукасл, Еди Хау, планира да купува нови фудбалери во текот на летото иако во јануари потроши повеќе од 90 милини фунти за засилувања.
„Тешко е да се планира летната селекција бидејќи пазарот е многу непредвидлив. Имам идеја за тоа какви играчи сакам и како треба да изгледа тимот“ – вели Еди.
„Промените што ги планирам може да се направат иако ќе биде многу тешко. Ќе видиме што ќе се случи“ – вели менаџерот на Њукасл.