Гералд Хауг, првиот човек на германската академија на науки, има лоши прогнози околу враќањето на фудбалските активности. Тие се главно поврзани со амбиентот околу стадионите и трибините.
„Сега можеме само да чекаме, но, треба да бидеме свесни дека ситуацијата со вирусот може да потрае уште 18 месеци. Не треба да биде изненадување доколку во тој период се играат мечеви без публика“ – вели Хауг.
Челниците на Бундес лигата засега го ставија првенството во мирување. Тие се надеваат дека ќе се создадат какви-такви услови да се доигра сезоната.