Една од најголемите сензации во Германија, напаѓачот на Баер Леверкузен, Каи Хаверц бил договорен за трансфер во Реал Мадрид од следната сезона, пишува весникот „Марка“.
Сепак, пандемијата промени сè. Од „Сантијаго Бернабеу“ веројатно нема да може да си дозволат влезни трансфери ова лето за да ја одржи стабилноста на клубот.
Според „Марка“, 20-годишниот феномен на „фармацевтите“ е информиран дека Реал Мадрид не може да си дозволи трансфери и договорот нема да успее. „Хаверц треба да почека“, објави „Марка“ во денешниот број. Каи, кој ќе наполни 21 година на 11 јуни, веќе бара други опции.
Баерн (Минхен) се чини најупорен и најдобро подготвен да го прилагоди својот буџет на новата ситуација. Германскиот офанзивен играч од средниот ред, преквалификуван како напаѓач, јасно изјави дека сака да игра во Лигата на шампионите во новата сезона. Ова би можело да се случи и со Баер Леверкузен, кои се борат за место во Топ 4. Хаверц заработи повреда на натпреварот во петокот и ќе паузира неколку недели.