Фудбалерот на Челзи, Каи Хаверц, може да го напушти клубот доколку „сините’ не обезбедат место во Лигата на шампионите за наредната сезона.
Според одредени наводи од Германија, за неговите услуги е заинтересиран Баерн Минхен. Баварците се подготвени да платат и 60 милиони евра за да го добијат германскиот напаѓач.
Хаверц во 2020 година си замина од Баер Леверкузен и потпиша за англискиот состав.