Играчот од средниот ред на Челзи, Каи Хаверц ја коментираше победата над Лил (2:0) во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите.
„Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, тие покажаа добар фудбал и првото полувреме беше многу тешко за нас. Мора да победиме и на реваншот. Што се однесува до мојата цел, и во Премиер лигата давам се од себе, некогаш повеќе среќа, некогаш помалку и помагам колку што можам. Добро ми е кога играм на позицијата напред. Имаме многу добри напаѓачи, ротацијата ја отежнува задачата на противникот. Денес тоа функционираше добро, уживам да играм на која било позиција во нападот. Не го одигравме нашиот најдобар фудбал, не можевме да играме агресивно како во последните неколку недели, но победивме со 2:0 и тоа е најважно. Во недела има уште еден тежеок натпревар (финалето на Лига купот) и сега треба да се фокусираме на него. Ќе дадеме се од себе и ќе се надеваме дека ќе победиме на овој натпревар“, изјави Хаверц по мечот со Лил.