Напаѓачот на Челзи, Каи Хаверц, кој во изминатата година го напушти германскиот фудбалски состав Баер Леверкузен и за 71 милион фунти потпиша за лондончани, вели дека не успеал да се адаптира на условите на стадионот – „Стемфорд Бриџ“.
„Тешка сезона. Знам дека имам проблеми.Тоа е нормално кога ќе заминете во странство во друг клуб. Потребно е најмалку половина година да се прилагодите. Јас сум позитивен во размислувањата“ – вели играчот на „сините“.
Хаверц досега во сите конкуренции одигра 37 мечеви во дресот на Челзи и успеа да постигне 5 голови и да направи 7 асистенции.

