Тренерот, на фудбалерите на Борусија Менхенгладбах, Дитер Хекинг, ќе ја води екипата и во наредната сезона во елитната Бундеслига.
„Тој ќе го исполни договорот до летото во 2019 година. Нема причина да направи нешто друго” – изјави менаџерот на клубот, Макс Еберл.
Медиумите во Германија во последниве недели напишаа дека специјалистот може да ја напушти Борусија по крајот на сезоната.г. Тимот на Менхенгладбах е на осмото место во германското првенство и има шанса да се квалификува за Лига Европа.