Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ја доби наградата за најдобар играч на Ливерпул во шампионската сезона, која навивачите на тимот ја чекаа 30 години.
Играчот од средниот ред ги престигна Садио Мане и Трент Александар-Арнолд.
Англискиот репрезентативец има одиграно 40 натпревари за тимот на Јирген Клоп во сите натпреварувања во последната сезона, постигнувајќи четири гола и пет асистенции.
Минатиот месец, Хендерсон ја освои првата од серијата индивидуални награди, откако беше избран за Број 1 од Здружението на фудбалски новинари. Капитенот на „црвените“ е исто така меѓу номинираните за најдобар фудбалер на Премиерлигата, и многу веројатно ќе ја освои оваа награда.
Претходно денес, Трент Александар-Арнолд беше прогласен за најдобар млад играч во Премиер лигата.