Голманот на Манчестер Јунајтед, Дин Хендерсон, дефинитивно планира да си замине од стадионот – „Олд Трафорд“ бидејќи не ја добива потребната минутажа покрај стандардниот Давид Де Геа, велат последните информации од Англија.
Доколку неговата желба се реализира, „црвените ѓаволи“ ќе направат напор да го ангажираат голманот на Валенсија, Гиорги Мамардашвили.
Станува збор за млад, 21 годишен чувар на мрежата кој веројатно ќе добие шанса да брани во Лигата на Европа.