Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, вели дека Италија е одлична репрезентација и дека очекува фантастично финале на Европското првенство.
„Тоа е одлична можност и многу голем натпревар за нас. Чувството е различно од финалето на Лигата на шампионите – ние сме на Вембли, дома сме, ќе биде убава атмосферата“ – вели Хендерсон.
„Италија е фантастичен тим. На натпреварите што ги гледав, тие изгледаа толку силно во одбраната, но имаат и исклучителни играчи на предните позиции“ – додаде англискиот репрезентативец.

