Англискиот репрезентативец Џордан Хендерсон вели дека тимот покажа карактер и со тоа ја заслужи победата против Данска во полуфиналето на Евро 2020.
„Секој тим може да постигне гол, а перформансот со кој Данците поведоа беше импресивен. Но, ние одговоривме одлично и тоа е најважно. Успеавме да изедначиме доста брзо и потоа започнавме да играме посилно. За мене, нашата реакција по голот беше клучниот момент на натпреварот“, рече Хендерсон.

