Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, признава дека среќата им се насмевна на „црвените“ на вчерашниот меч со Вилјареал во елитата на Европа.
Домаќините на „Енфилд“ поведоа во 53 минута со несреќниот автогол на Шпанците а веднаш потоа искористија шанса за втор погодок и победа од 2:0.
„Игравме против одлично поставен состав. Притискавме и верувавме дека ќе го скршиме нивниот отпор. Имавме среќа и успеавме да ги израдуваме навивачите. Сепак, ништо не е готово“ – потенцираше играчот на англискиот состав.