Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, вели дека голманот, Алисон Бекер, бил главен фактор за победата на теренот на Кристал Палас. Бразилецот имаше неколку бравурозни одбрани а неговиот тим славеше со 3:1.
„Алисон беше брилијантен, но, да бидам искрен, тој секогаш е таков. Неговите одбрани изгледаат полесно од нормално иако второто полувреме имаше моменти кога мислев дека топката ќе влезе во голот“ – вели Хендерсон.
„Генерално, среќен сум со победата. Одиме напред, има многу време до крајот на сезоната“ – вели играчот на „црвените“.