Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ќе биде во составот на својата екипа за претстојниот натпревар викендов против Ватфорд.
Тој ја пропушти драматичната победа на Англија над Хрватска од Лигата на нациите поради истегнување на мускулот, но веќе е доста подобро и Јирген Клоп ќе може да смета на него.
Генерално кариерата на Хендерсон во последниве години е исполнета со најразлични повреди и тоа му пречи да го потврди огромниот потенцијал со кој располага. Ливерпул ќе се сретне против Ватфорд во сабота, а тимот не знае за пораз во оваа сезона од Премиер лигата и имаат освоено 30 поени по првите 12 кола и се наоѓаат на второто место зад Манчестер Сити.