Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Хендерсон:„Реал Мадрид ја казни секоја наша грешка“
    Фудбал

    Хендерсон:„Реал Мадрид ја казни секоја наша грешка“

    risteBy riste22/02/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон беше многу разочаран по поразот со 2:5 од Реал Мадрид во првото 1/8-финале од Лигата на шампионите на „Енфилд“. Тој смета дека неговата екипа направила премногу грешки, од кои секоја беше казнета од противникот.

    „Тешко е да се направи проценка веднаш по натпреварот. Големи периоди во првото полувреме игравме добро и не беше фер што резултатот беше израмнет на полувремето. Направивме премногу грешки и Реал казнуваше секоја од нив. Во многу моменти решавачка беше нивната класа. На почетокот имавме предност и создадовме добри шанси. На 2:0 имавме шанса и тоа на самата гол линијата. Ако влезеше топката во гол ќе беше сосема друго, вториот гол беше по грешка, но по треттиот гол ја испуштивме играта“, изјави Хендерсон.

    „Реваншот е за неколку недели. Мораме брзо да се опоравиме од овој пораз. Пред тоа имаме натпревари во Премиер лигата на кои треба да се фокусираме“, додаде играчот од средниот ред.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи бара замена за Маунт….

    21/03/2023

    Халанд се врати во Англија

    21/03/2023

    Седло го напушти Шкупи

    21/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин Ивановски со победа почна на турнирот во Тулуз
    • На Лонзо Бол му беше пресадена ’рскавица во левото колено
    • Челзи бара замена за Маунт….
    • Халанд се врати во Англија
    • Седло го напушти Шкупи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.