За никој не тајна дека за секој клуб како Манчестер Сити и Пари Сен Жермен има сопственици со многу пари.
Но, ретко се објавуваат информациите за тоа како се финансираат овие тимови. Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенс открил што прават сопствениците на Манчестер Сити кога тренерот на „граѓаните”, Пеп Гвардиола ќе побарал голем трансфер.
„Мојот пријател Пеп ми кажа што се случува кога сака играч во вредност од 100 милиони евра. Тој собира неколку видеа и оди да се сретне со шеиците. По ручекот кој го има со сопствениците на клубот шеикот ги префрла потребните пари за трансферот. Следниот ден, шеикот малку ја зголемува цената на нафтата и веќе ги вратил средствата”, рече Хенес на Конференцијата за финансиски пазар во Минхен.