Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино, откри дека не знае кога Лионел Меси ќе се врати на теренот. 37-годишниот напаѓач е надвор од терените поради повреда на зглобот здобиена за време на финалето на Копа Америка.
„Има напредок во закрепнувањето на Лео Меси, но во моментов немаме точен датум за негово враќање во составот на екипата. Тој продолжува да работи самостојно“, изјави искусниот тренер.
Ѕвездата на Аргентина го подигна својот втор последователен трофеј на турнирот благодарение на голот на Лаутаро Мартинез во продолженијата. Сепак, играчот се расплака, а камерите го покажаа како седи на клупата со тешко отечен скочен зглоб.
„Неговото отсуство влијае на тимот на различни начини. Понекогаш ситуацијата се влошува поради фактот што сме принудени да работиме без други клучни играчи. Но, и кога недостасува само тој, тоа е забележливо бидејќи тој е сериозен фактор“, додаде Мартино.
Интер Мајами моментално се обидува да ја одбрани титулата во Лига Купот, која ја освои минатата година, благодарение на искуството на Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба, заедно со одличната форма на Роберт Тејлор.

