Фудбалерот, Андер Херера, ќе се врати во редовите на Манчестер Јунајтед за денешниот натпревар против Дерби Каунти во рамките на Лига купот на Англија.Шпанецот последен пат играше на 2 септември кога заработи повреда. Веста пред новинарите ја потврди менаџерот, Жозе Мурињо.
„Андер е подготвен. Маркос Рохо е единствениот играч кој не ми е достапен поради повреда додека Маркус Рашфорд е казнет ” – изјави Португалецот.
Специјалистот на денешната средба со Дерби Каунти најверојатно ќе изведе комбиниран тим во кој ќе доминираат играчите што ретко добиваат шанса во Премиер лигата и во евро-конкуренцијата.