Тренерот на фудбалерите на Аугсбург, Хајко Херлих, го прекршил карантинот и нема да може да го води тимот на викенд мечот против Волфсбург. Тој го напуштил хотелот и отишол во блиската продавница да купи паста за заби и крем за раце.
„Направив сериозна грешка кога го напуштив хотелот. Иако ги следив сите правила за хигиена, тоа не може да се промени. Јас немав право да излезам. Морам да бидам конзистентен и да ги сносам последиците од грешката. Нема да го тренирам тимот денеска и нема да бидам на клупата в сабота “, објасни Херлих.
Тој ќе мора да биде тестиран во наредните денови. Во случај на два последователни негативни резултати, ќе му биде дозволено да се врати на работа.