Кингсли Коман беше изненадувачкиот херој за Баерн Минхен во финалето во Лигата на шампионите против ПСЖ. Французинот го постигна единствениот гол за успехот со 1:0 во Лисабон и донесе многу тага во клубот од каде ја започна кариерата.
„Јас сум играч на Баерн. Нема простор за сентименталност, иако пораснав во ПСЖ и клубот е во моето срце. Ги бранам боите на Баерн и се радувам што помогнав да победиме. Игравме со голем притисок. Нашата цел беше да победиме и тоа беше најважното нешто“, рече среќниот Французин.
Коман има само 24 години, но веќе има освоено 20 трофеи. Тој е познат по тоа што стана шампион уште од кога стана професионалец. Тој го постигна тоа со ПСЖ, Јувентус и Баерн. Поточно со Баварците францускиот репрезентативец има освоено 5 титули во Бундес лига, 3 пехари и 3 супер куп пехари. Со Јувентус има 2 италијански титули и еден пехар и еден супер куп пехар, а со ПСЖ е двократен шампион и еднаш победник на Суперкупот и Лига купот.
Коман е петтиот Французин кој постигна гол во финалето на ЛШ. Другите четворица се Карим Бензема (2018), Зинедин Зидан (2002), Марсел Десаи (1994) и Базил Боли (1993).

