Германскиот репрезентативец Каи Хаверц го притиска раководството на Баер (Леверкузен) што порано да се договорат со Челзи за неговиот трансфер, објави „Sky Sports“.
Офанзивниот играч од средниот ред сака сè да заврши до 6 август, кога неговиот тим ќе игра против Ренџерс во реваншот од осминафиналето во Лигата на Европа.
Хаверц веќе се договорил за неговите лични услови, но клубот од „Стемфорд Бриџ“ продолжува да преговара со Баер Леверкузен за цената. Двете страни се очекува да си подадат рака за околу 80 милиони евра плус бонуси.
80 милиони евра е рекорд кој досега го има дадено Челзи за трансфер во нивните редови – оној на голманот Кепа Аризабалага.