Холандскиот стратег Гус Хидинк, кој е поранешен селектор и на руската фудбалска репрезентација, може да ја преземе селекцијата на Колумбија. Како што објавија светските медиуми, Хидинк би требало да го наследи Хозе Пекреман, кому му завршува договорот.
Договорот на сегашниот тренер на Колумбијците истекува на 31 август, а за можни негови наследници, освен Хидинк, конкурираат и селекторот на иранската репрезентација Карлос Кеирос и поранешниот тренер на Аргентина, Герардо Мартино.