Австрискиот фудбалски стратег Ади Хитер е голем фаворит за менаџерското столче во англискиот премиерлигаш Кристал Палас. Според шпекулациите, поранешниот тренер на Ајнтрахт (Ф) и Борусија (М) е во преговори со челниците на лондонскиот клуб да го преземе клубот по завршувањето на сезоната.
Кристал Палас е без менаџер по отказот кој го доби Патрик Виеира, па на клупата се врати Рој Хоџсон за да ја заврши сезоната. Од клубот бараат трајно решение во јуни.
„Моја голема цел е Премиер лигата и работиме на тоа. Може да се појави една или друга опција. Минатата година имаше неколку интересни понуди, вклучително и од Премиер лигата. Ќе видиме“, вели Хитер.