Тренерот на Хофенхајм, Алфред Шројдер е ослободен од функцијата, објави официјално клубот. Неговиот брат, Дик Шројдер, кој беше негов помошник, исто така беше отпуштен од работа.
Веста доаѓа како изненадување, со оглед на фактот дека Хофенхајм е на 7-то место на табелата и се бори за учество во Лигата на Европа следната сезона.
„Сегашниот тренерски тим со Матијас Калтенбах, Михаел Рехнер и Тимо Грос ќе биде надополнет од Марсел Рап и поранешниот играч на Хофенхајм, Каи Хердлинг“, се додава во соопштението. Тие ќе го водат тимот до крајот на првенството. Шројдер го предводеше тимот претходно оваа сезона, пристигнувајќи од Ајакс и го замени поранешниот тренер Јулијан Нагелсман.
Еден од директорите на клубот, Александар Розен, ги објасни причините за оваа неочекувана разделба со тренерот: „Имавме различни мислења за важни прашања, па соработката до крајот на сезоната ќе биде безначајна“.