Дефанзивецот на ПСВ Ајндховен, Џошуа Бренет е нов фудбалер на германски Хофенхајм. Како што потврдија холандските весници, 24-годишниот фудбалер за сума од 5 милиони евра се сели во германскиот бундеслигаш со договор до 2022 година.
Бренет дебитираше за ПСВ во август 2013 година и оттогаш им 150 настапи за тимот. Минатата сезона тој одигра 32 натпревари и постигна 1 гол, во шампионската сезона за својот тим.