Сигурен нов центарфор на Манчестер Јунајтед ќе биде Расмус Хојлунд кој веќе е во Манчестер, пренесува Фабрицио Романо. Се очекува вечерва да го мине првиот дел од лекарските прегледи.
Репрезентативецот на Данска доаѓа од Аталанта, каде мина само една сезона. Според Дејвид Орнштајн, договорот е 75 милиони евра плус уште 10 милиони евра во бонуси (вкупно 72 милиони фунти). Договорот на 20-годишниот фудбалер со клубот од „Олд Трафорд“ ќе биде на 5+1 година.
Манчестер Јунајтед веќе го ангажираше Мејсон Маунт и голманот Андре Онана претходно ова лето.