Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед покажа дека е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Ред Бул, Салцбург, Ерлин Холанд.
Според најавите, Британскиот менаџер, Оле Гунар Солскјаер, планира лично да се сретне со 19-годишниот Норвежанец и да разговара со него, пренесува весникот – „Гардијан“.Младиот играч ја започна кариерата во Молде или токму во клубот од кој фудбалски потекнува и Солскјер. Договорот на напаѓачот со австрискиот клуб е валиден до летото во 2023 година.
Порталот за трансфери ја проценува вредноста на фудбалерот на 12 милиони евра. Холанд има одиграно 11 натпревари во тековнава сезона со ефект од 18 голови и 5 асистенции.