Со одигрувањето на натпреварите од 3.коло од групата А во кое се сретнаа селекциите на Холандија и Катар, односно Еквадор и Сенегал познати се селекциите кои продолжуваат со настап на СП.
Холандија славеше против Катар со 2:0, додека Сенегал ја совлада репрезентацијата на Еквадор со 2:1. На тој начин Холандија заврши како прва во групата, додека Сенегла на второто место.
Така, холандската репрезентација стигна до плеј-офот на секое од своите 11 светски првенства. Холанѓаните учествуваа на Светските првенства во 1934, 1938, 1974, 1978, 1990, 1994, 1998, 2006, 2010, 2014 и 2022 година. На Светското првенство во 1934 и 1938 година немаше групна фаза – тимовите веднаш тргнаа од 1/8 финалето.
Во 1/8 финалето Холандија ќе игра со селекцијата која ќе го заземе второто место во групата Б, а Сенегал ќе се сретне со селекцијата која ќе се пласира во плејофот на турнирот од првата позиција во истата група Б.
Да потсетиме дека во групата Б се селекциите на Англија, Велс, Иран и САД, натпреварите се играат вечерва од 20 часот.