Ал Хилал од Саудиска Арабија дал првична понуда од над 20 милиони евра за капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк, пренесува француското издание – „L’Equipe“.
Според изворот, фудбалерот не донел конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата иако договорот му истекува кон средината на оваа година.
33-годишниот дефанзивец сезонава во Премиер лигата одигра 29 натпревари за Ливерпул.

