Новото засилување на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Вут Вегхорст, изјави дека очекува добри партии во продолжението од сезоната во Премиер-лигата.
„Јас сум напаѓач кој сака да постигнува голови. Тимот игра одлично во последниов период“ – вели корпулентниот голгетер.
„Знам дека можам да помогнам. Ќе дадам се од мене за да бидам уште подобар во Јунајтед“ – изјави Холанѓанецот кој е времено ангажиран од Бешикташ за обештетување од 2,5 милиони фунти.