Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој се етаблираше како лидер на теренот, ги подигна надежите кај фановите со објавата на Инстаграм.
Во специјално видео, Холанѓанецот покажува како вежба во теретана во новата база на клубот. Дефанзивецот кој ги повреди лигаментите на коленото во октомври и ќе паузира подолг период, не крие дека постои надеж дека ќе се врати на терените пред крајот на шампионатот.
Токму на тоа се надеваат и навивачите на „црвените“ кои на видеото можеа да го прочитаат и текстот- „Чекор по чекор“
