Новиот тренер на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, кој вчера беше сведок на поразот на неговиот тим кај Кристал Палас, верува дека со одредени промени може да се постигне успех.
„Сите гледаме дека ситуацијата не е добра. Ќе мора многу да сработиме во наредниот период“ вели Холанѓанецот.
„Мислам дека можеме да го извлечеме потенцијалот од екипата. Ќе ни треба време, но, верувам дека ќе успееме“ – беа зборовите на Тен Хаг кој денеска се појави на стадионот – „Олд Трафорд“.

