Голманот на фудбалскиот состав Милан, Мајк Мењан, нема намера да остане на „Сан Сиро“ . Тоа пак, сака да го искористи менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг и да го ангажира на „Олд Трафорд“.
Иако „црвените ѓаволи“ неодамна го купија Андре Онана, Камерунецот не ги прикажува очекуваните партии и затоа се бара негова замена.
Што се однесува до Мењан, францускиот чувар на мрежата не сака да го продолжи договорот со италијанскиот состав и затоа ќе бара нова средина.