Поранешниот фудбалер на Милан, Руд Гулит, не крие дека е задоволен од играта на „росонерите“ во последниов период.
„Многу сум среќен за Милан и за тоа што го прави. Можете да видите како имаат многу повеќе храброст да нападнат а не само да се бранат како што тоа го правеа пред неколку години“ – вели легендарниот играч од средниот ред.
„Тие не прават смешни грешки како порано. Стефано Пиоли направи многу позитивни работи во екипата. Милан има сосема друг лик гледано од секој аспект“ – потенцираше Гулит.