Менаџерот, Ерик Тен Хаг, проговори за повредените фудбалери во Манчестер Јунајтед. Тој се осврна на дефанзивецот, Рафаел Варан и играчот од средниот ред Скот Мектоминеј.
„Варан е поблиску до враќање во игра отколку Мектоминеј. Засега можам да кажам дека сигурно ќе ги пропуштат наредните два меча“ – потенцираше тренерот на „црвените ѓаволи“.
Неговиот тим со 63 бодови го има 4. место на табелата во Премиер-лигата.