Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, ја презеде одговорноста за лошата игра на дербито со Арсенал и посебно за решавачкиот момент кога по неговото недоразбирање со голманот Алисон, „топчиите“ дојдоа до гол за победа.
„За голот за 2-1 на Мартинели јас ја преземам целосната одговорност. Тоа беше клучен момент. Требаше да донесам подобра одлука„ – вели Холанѓанецот.
Неговиот тим и покрај поразот останува лидер на табелата во Премиер лигата пред Арсенал, Манчестер Сити и Астон Вила.