Фудбалерот, Френки де Јонг, кој има договор со Барселона до летото во 2026 година, ќе добие понуда да ја продолжи соработката со шпанскиот елитен состав, објавија денеска дел од медиумите на Пиринеите.
Холанѓанецот се активираше на „Камп Ноу“ во 2019 година откако го напушти составот на Ајакс. Тој досега има одиграно повеќе од 200 мечеви за Каталонците со ефект од 17 голови и 21 асистенција.
27-годишниот играч од средниот ред сè уште ја санира повредата што ја заработи минатата сезона и допрва треба да се вклучи во екипата.

