Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Тен Хаг, не е задоволен по вчерашното реми 2:2 на гостувањето кај Барселона во првиот меч од фазата на елиминации во Лигата на Европа.
„Во најголемиот дел ја контролиравме играта и направивме шанси. Мислам дека имаше чист фаул над Рашфорд. Не знам дали беше надвор или внатре и дали беше за црвен картон. Тоа е момент кој може да го реши двомечот“ – потенцираше тренерот на „црвените ѓаволи“.
Реваншот меѓу двата тима ќе биде одигран по една недела на стадионот – „Олд Трафорд“.