Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, го критикуваше судијата за досудениот пенал за Брајтон кој практично го реши победникот. Домаќините погодија во самиот финиш и му го нанесоа осмиот сезонски пораз на тимот од „Олд Трафорд“.
„Јасно е дека за пеналот имаше играње со рака но, не сум лут за тоа. Лут сум за прекршокот кој беше досуден пред корнерот кој заврши со пенал“ – вели Тен Хаг.
Неговиот тим остана на 4 место на табелата со 63 бодови и со реални шанси да се избори за место во Лигата на шампионите.